Фудбалерите на Баерн Минхен по шести пат успеаа да ја покорат Европа. Тие во финалето во Лисабон славеа против францускиот ПСЖ со минимални 1-0 со голот на Колман реализиран во 59 минута по одличниот центаршут на Кимих.
Германците на крајот со импресивен ефект од 11 победи во исто толку натпревари во елитната конкурнција сосема заслужено ќе ја збогатат ризницата со нов трофеј.
ПСЖ во првото финале во Лигата на шампионите не успеа да стане вториот тим од Франција по Марсеј кој дошол до победничкиот пехар.