Баерн (Минхен) ја освои Лигата на шампионите по успехот во финалето над ПСЖ (1:0) и ја заврши сезоната со освоени три трофеи, а ѕвездата на тимот Роберт Левандовски може да се пофали со неколку импресивни достигнувања.
Полскиот интернационалец и репрезентативец постигна 55 гола на сите натпреварувања, а ниту еден од играчите од петте водечки првенства во Европа не постигна повеќе голови од него. Левандовски ги остави зад себе Чиро Имобиле од Лацио (39 погодоци) и Кристијано Роналдо од Јувентус (37 погодоци). Првите пет ги комплетираат Ромелу Лукаку од Интер и Тимо Вернер од РБ Лајпциг со по 34 погодоци. Левандовски е првиот фудбалер кој освоил три трофеи во една сезона и станал најдобар стрелец во сите натпреварувања во кои учествувал во текот на сезоната. Тој постигна 34 голови во Бундеслигата, 6 во германскиот куп и 15 во Лигата на шампионите.
32-годишниот напаѓач постигна гол на секој од своите натпревари во Лигата на шампионите за време на сезоната, освен финалето. Против ПСЖ, тој ја прекина својата серија од 9 средби, во кои успеваше да го најде патот кон мрежата на противникот. Со своите 15 гола во Лигата на шампионите, Левандовски остана на два гола од рекордот на Кристијано Роналдо од сезоната 2013/14. Но, тогаш Португалецот одигра повеќе натпревари.
По Левандовски најдобар стрелец на Лигата на шампиони беа уште двајца претставници на Бундеслигата, Ерлинг Халанд од Борусија (Дортмунд) со 10 гола (од кои два со екипата на РБ Салцбург) и Серж Гнабри, кој постигна 9 гола за Баерн Минхен. Роберт Левандовски за прв пат го крена трофејот во Лигата на шампионите. Интересно е што неговото единствено претходно финале во 2013 година како играч на Борусија Дортмунд беше против Баерн. Тогаш Баварците победија со 2:1 на Вембли.
По најдобрата сезона од неговата кариера, Полскиот фудбалер сега би требало да биде најголемиот фаворит за „Златната топка“ доколку Франс Фудбал не ја откажеше годинашната церемонија за доделување награди.