Радоста на фудбалерот на Баерн Минхен и најдобар стрелец Роберт Левандовски по освојувањето на титулата беше голема.
Сите играчи на Баерн имаа можност синоќа да се фотографираат со пехарот, но само еден ја имаше таа чест да „спие“ со престижниот трофеј.
Полскиот голгетер Роберт Левандовски сигурно најубаво спиеше по синоќешната голема победа над ПСЖ, затоа што „партнер“ во креветот му беше токму пехарот од Лигата на шампионите. Левандовски се пофали со тоа преку фотографија која ја објави на социјалните мрежи со што го овековечи моментот кој сигурно ќе го памети цел живот.
Напаѓачот на Баерн оваа сезона постигна 15 голa во Лигата на шампионите и беше најдобар стрелец во сезоната која заврши синоќа.