Новиот тренер на Барселона, Роналд Коман, по утринската средба со извршниот директор, Оскар Грау и со техничкиот секретар Рамон Планес, го започна процесот на контакти со играчите на кои нема да смета следната сезона.
Првиот што го добил повикот е Луис Суарез, но тој не е единствениот. Како што дознава весникот „Ас“, најмалку уште тројца играчи биле контактирани телефонски од страна на холандскиот стратег за да ги извести дека нема да продолжат следната сезона во тимот и да ги охрабри да си бараат договорно решение со клубот и да најдат нов тим.
Според весникот, тоа се Артуро Видал, Иван Ракитиќ и Самуел Умтити.