Тренерот на фудбалерите на Ливерпул, Јирген Клоп, вели дека Баерн Минхел имал многу среќа во целокупната ситуација со Ковид-19 и дека тоа му помогнало да ја освои Лигата на шампионите.
„Баерн имаше најдобар распоред во Бундес-лигата и оптимално време за подготовки. Сепак, станува збор за одличен тим.“ – потенцираше меѓу другото поранешниот тренер на Борусија Дортмунд кој одличнo ги познава Баварците.
„Сигурен сум дека Баерн ќе имаше големи шанси доколку играше против нас или Манчестер Сити во големото финале“ – нагласи тренерот на „црвените“.
