Тренерот на Динамо Киев, Мирчеа Луческу, стана првиот тренер што го освои Суперкупот на Украина со два различни тима. Романскиот стручњак го освои трофејот на чело на Динамо Киев и Шахтјор Доњецк.
Динамо Киев извојуваше победа од 3:1 над Шахтјор Доњецк во натпреварот од Суперкупот на Украина. Да потсетиме дека Динамо Киев е главен ривал на Шахтјор. Луческу го предводеше тимот од Доњецк 12 години, од 2004 до 2016 година.
Под негово водство, оваа екипа стана осум пати шампион на Украина, осум пати го освои Купот и Супер купот на земјата, а исто така го освои Купот на УЕФА. Во јули оваа година, Луческу се одлучи да се пресели во лутиот ривал и да го преземе тимот на Динамо Киев.

