Џејми Варди останува во екипата на Лестер Сити, објави „Скај Спортс“. Напаѓачот на Лестер се договорил со раководството на клубот за зголемување на платата и за продолжување на соработката до 2023 година.
Варди минатата сеозна постигна 23 гола во Премиерлигата на 35 одиграни натпревари за екипата на Лестер и беше сосема логичен овој потег на управата на клубот за продолжување на соработката со својот најдобар играч во нападот.
Варди е во Лестер Сити од 2012 година и досега има одиграно 274 натпревари и постинато 123 гола за екипата од „Кунг Пауер“.

