Од Барселона ќе си замине и хрватскиот интернационалец Иван Ракитиќ.
Каталонскиот весник „Спорт“ објави дека Тотенхем, Интер, Фенербахче, но и поранешниот клуб на Ракитиќ, Севиља се заинтересирани за неговиот потпис. Договорот на Ракитиќ со Барселона истекува следното лето, но од Барселона сакаат да се ослободат од неговата плата која изнесува околу 8 милиони евра, а трансферот не би чинел повеќе од 10 милиони евра.
Еден од проблемите за преселба во Севиља може да биде тоа што од Барселона бараат да во договорот биде вклучено и купување на некој од играчите на оваа екипа, како што се Жил Кунде, Диего Карлос или Лукас Окампос.

