Три македонски екипи во текот на денов ќе ги одиграат натпреварите во квалификациите за место во Лигата на Европа. Тоа се Шкендија, Шкупи и Ренова кои ќе атакуваат на пласман во втората рунда.
Ренова денеска од 18 часот ќе се појави во Ерменија на теренот на Алашкерт. Шкупи за противник го има тимот на Нефчи а средбата во Азербејџан се игра од 18 часот. Шкендија исто така ќе го гостува во Азербејџан на стадионот на Сумгајит. Дуелот ќе се одигра со почеток од 18:00 часот.
Според новите правила на УЕФА кои се наметнати од пандемијата со ковид-19, ќе се игра само по еден меч. Доколку нема победник во регуларниот дел прво ќе се оди во продолженија а потоа ако има потреба ќе се изведуваат и пенали.

