Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез се обиде по пат на социјалните мрежи да објасни што се случува во Барселона.
По сите шпекулации дека преку телефон му било соопштено дека треба да си побара нов клуб и дека Каталонците ќе бараат голема оштета за неговиот потпис, играчот, објави, дека работите се одвиваат сосема поразлично од пишувањата.
„Постојат луѓе кои зборуваат во мое име или зборуваат некои работи за мене. Јас ќе зборувам за себе кога ќе треба. Не е вистина се што слушате“ – напиша голгетерот од Јужна Америка.