Најмалку четворица играчи на Челзи се заболени од коронавирусот, пренесува Дејли Меил, повикувајќи се на извори од клубот. Информацијата вели дека голем број на играчи дале позитивни тестови на крајот на минатата недела.
Дејли Меил тврди дека ги знае имињата на најмалку четворица играчи, но, не ги открива. Тие се изолирани во нивните домови и нема информации дека нивната состојба е сериозна
. Во наредниот период уште неколку играчи на „сините“ треба да се вратат во Лондон. Не се исклучува можноста дел од нив исто така да бидат позитивни на ковид -19. Новата сезона во Премиерлигата започнува на 12 септември.

