Претседателот на Барселона, Joзеф Бартомеу е подготвен да си поднесе оставка доколу Лионел Меси излезе и јавно каже дека претседателот на Барселона е големиот проблем што тој сака да го напушти клубот.
Бартомеу би заминал, но управниот одбор ќе остане непроменет сè додека не се одржат нови избори. Според одредени информации, Лео Меси веќе ја донел својата одлука и дури и оставката на претседателот нема да го примисли Аргентинецот да остане во тимот од Каталонија.
Според весникот „АС“, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо побарал од луѓето на Меси за да откријат дали францускиот клуб е во состојба да влезе во борбата за Аргентинецот.
