Тиаго Силва денеска треба да ги помине медицинските прегледи во Милано, пред да потпише договор со Челзи.
35-годишниот дефанзивец веќе се согласи за личните услови со лондончани, иако ПСЖ направи последен обид да му понуди нов договор. По извршувањето на прегледите, тој утре ќе отпатува за Лондон. Потоа ќе биде изолиран 14 дена пред да влезе во Челзи. Договорот на Бразилецот ќе биде на 12 месеци, но со опција да се продолжи за уште една година. Тиаго Силва се збогуваше со навивачите на ПСЖ оваа недела преку порака на социјалните мрежо.
Тој го напушти францускиот клуб по 8-годишен престој во Париз. До крајот, тој беше капитен на парижаните, водејќи ги со капитенската лента и во финалето на Лигата на шампионите против Баерн. Неговите лидерски квалитети се една од главните причини што Френк Лампард сака тој да биде во неговиот тим.

