Голгетерот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг се согласил за нов договор со клубот. Обамејанг дал усмена согласност, а менаџерот на Арсенал, Микел Артета се надева дека напаѓачот наскоро и официјално ќе потпише.
Договорот е за три години, за време на кој тој ќе добива 250.000 фунти неделно. Сепак, играчот треба да го стави својот потпис и кога ќе направи тоа, во Арсенал ќе се чувствува далеку подобро.

„Позитивно сум расположен. Имавме многу плодни разговори со него и неговиот агент. Убеден сум дека наскоро ќе имаме договор“, рече Артета.
Шпанецот веќе обезбеди неколку нови засилувања. Арсенал го донесе Вилијан како слободен играч, ги финализираше трансферите на Пабло Мари и Седрик Соареш и се на чекор до трансферот на Габриел Магалаеш од Лил.
„Сè уште не можеме да објавиме ништо“, рече Артета за трансферот на Габриел. – Договорот не е финализиран, но тој е играч што го следиме долго време. Се надевам дека ќе го привлечеме. Понекогаш завршните фази не се лесни како што изгледаат“ додаде Артета кој прави напори во тимот да се врати и Дани Себаљос кој минатата сезона настапуваше со позајмица од Реал Мадрид.

