Фиорентина е заинтересирана за Уругваецот со шпанско потекло Лукас Тореира, објави познатиот спортски новинар Џанлука Ди Марцио.
Според „Трансфермаркет“, овој фудбалер чини околу 30 милиони евра. 24-годишниот играч е во сопственост на Арсенал, одигра 37 натпревари во текот на изминатата сезона и постигна еден гол. Тореира им се приклучи на „Топџиите“ во летото 2018 година, чинеше 28,7 милиони евра.
Арсенал нуди размена на Лукас Тореира за Амаду Дијавара. Доколку се случи трансферот во Фиорентина, Тореира ќе игра рамо до рамо со неговиот сонародник Мартин Касерес. Виолетовите завршија на 10-то место во Серија А во сезоната која е зад нас.

