Карате федерацијата на Македонија изминатиот викенд одржа “он лајн” првенство за деца до 15 години во дисциплината кати во машка и женска конкуренција. Истото беше организирано според новонастанатите услови и во согласност со стандардите на Светската Карате федерација (WKF), cпоред пропишаните мерки од страна на Министерството за здравство, со изведби на отворен простор или пак во домашни услови, со запазување и одржување на социјална дистанца во време на пандемија од коронавирусот.
Овој настан е од големо значење кога во време на глобалната пандемија од коронавирусот се откажани сите домашни и меѓународни натпревари на неодредено време.

