Лондонски Челзи на официјалната веб-страница го објави трансферот на дефанзивецот Тијаго Силва. Договорот ќе биде активен до крајот на сезоната 2020/2021 со можност за продолжување на уште една година.
„Воодушевен сум што се приклучив во Челзи и што сум дел од неверојатниот тим на Френк Лампард за следната сезона. Јас сум тука да се борам за титули. Се гледаме наскоро со навивачите на Челзи. Со нетрпение го очекувам моето пристигнување на „Стемфорд Бриџ“, коментира Силва.

