Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ е близу до потпишување договор со Севиља, пренесува каталонскиот весник Спорт.
Според изворот, преговорите се во напредна фаза. Севиља е подготвена да му понуди на Хрватот договор на три или четири години, но играчот ќе мора да оди со двојно намалување на платата – од 8 милиони до 3,7 милиони евра. Во исто време, и со оваа плата Ракитиќ ќе стане најплатениот играч во составот на Андалузијците.
Ракитиќ играше за Севиља од 2011 до 2014 година, а пред тоа ги бранеше боите на Шалке и Базел.

