Вардар 1961 денеска од 20.15 часот во СЦ „Јане Сандански“ против Нексе ќе се обиде по 9 пат да обезбеди место на фајнл-фор завршницата во ракометната СЕХА-лига.
Првата четвртфинална пресметка на теренот Хрватите заврши со победа на „црвено-црните“ со 31:30. Денешната средба ќе биде одиграна пред празни трибини и под посебни протоколи за заштита од Ковид-19.
Погледнато во квалитетите на двата тима, Вардар 1961 со една нога е на завршниот турнир во Задар. Вардарци се единствените со пет освоени титули во регионалната конкуренција.

