Новиот фудбалер на Челзи, Хаким Зијеш го напушти теренот поради повреда на пријателскиот натпревар против Брајтон (1:1).
Зијеш го напушти теренот, поткрвнувајќи во 59-та минута, а беше заменет со Конор Галагер. Германскиот напаѓач Тимо Вернер исто така го игра својот прв натпревар за Челзи, а во 4-та минута го отвори резултатот.
27-годишниот Мароканец за првпат настапи во дресот на Челзи отккао се пресели од Ајакс. Во јули, Челзи го реализираше овој трансфер со кој Хаким Зијеш од Ајакс дојде на „Стемфорд Бриџ“, откако потпиша договор со лондонскиот клуб на пет години. Според неофицијалните информации, трансферот на фудбалерот чинел 40 милиони евра.

