Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Домашен микс»Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева најдобри на полумаратонот во Охрид
    Домашен микс

    Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева најдобри на полумаратонот во Охрид

    risteBy riste30/08/2020No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Денес во Охрид беше одржана атлетската манифестација „Охрид трчат“ која традиционално се трча во нашиот најголем туристички центар. Дарио Ивановски и Билјана Кираџиева се победници на првата полумаратонска трка која се одржа во рамките на оваа манифестација.

    Во ова четврто издание на „Охрид трчат“ беше организирана и полумаратонска трка на 21 км. Во крајно неизвесна трка во машка конкуренција на крајот триумфираше еден од најдорите македонски атлетичари Дарио Ивановски со време од 1:16.23 часа, за само 12 секунди пред второпласираниот Александар Анчевски. На третото место заврши Милош Ранчиќ со време од 1:17.10 часа, пред Александар Кираџиев и Кокан Ајановски.

    Во женска конкуренција победник беше Билјана Кираџиева со време од 1:26.43 часа, а зад неа со само 14 секунди заостанување заврши Милјана Ристиќ. На третото место заврши Адријана Поп Арсова.

    На најмасовната 5 километарска трка победија Димитар Петровски со време од 18:54 минути во машка конкуренција, и Бојана Наумовски со време од 23:29 минути.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026

    16/11/2026

    Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23

    16/11/2026

    Украинецот Захариев е освојувач на 55. „Златен Гонг“

    15/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.