Сандро Тонали следната недела треба да го комплетира трансферот во Милан, бидејќи Интер се повлече од преговорите со Бреша за младиот италијански репрезентативец.
Интер имаше договор со Бреша да го добие на позајмица со опција да го купи на крајот на сезоната за вкупно 35 милиони евра, но по најавите дека Милан се вмеша во трката за него, тренерот Антонио Конте реши да тргне по други засилувања.
Милан и Паоло Малдини се покажаа како пресудни во разговорите лице в лице со Тонали, како и со Бреша, при што претседателот Масимо Челино го прифатил „дилот“ со „росонерите“.