Тренерот на фудбалерите на Интер, Антонио Конте, ќе се обиде за 50 милиони евра да го купи играчот на Челзи, Нголо Канте.
Црномурестиот фудбалер кој беше ангажиран од Лестер за 36 милиони ера, не влегува во плановите на тренерот на „сините“, Франк Лампард и затоа може да добие дозвола да си замине.
Во исто време, „нероаѕурите“ најавија дека планираат да продадат неколку играчи и добиените пари од нивните трансфери да ги пренасочат за купување на Канте.

