Чилеанскиот играч за врска на Барселона, Артуро Видал, кој беше поврзуван со Интер, ја критикуваше целокупната ситуација во каталонскиот клуб.
„Барселона треба да го промени размислувањето бидејќи фудбалот тоа го бара. Другите тимови постојано растат. Во денешно време, играта се базира на сила и на брзина. Техниката е ставена во втор план“ – потенцирал Видал.
„Меси е несомнено број еден во светот, но, му треба помош од соиграчите“ – вели Чилеанецот кој наводно се договорил за трансфер во Интер.

