Диего Форлан помина само 11 натпревари на чело на Пењарол како тренер, по што доби отказ, објави самиот Форлан. Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и репрезентацијата на Уругвај не жали и вели дека тоа е нормално во фудбалот.
„Немам за што да се жалам. Го напуштам Пењарол, ова е фудбал”, напиша тој на својот профил на Твитер.
Еден од двата гиганти во уругвајскиот фудбал во моментов е на 7-то место од 16 екипи во шампионатот на Уругвај, по шест одиграни натпревари по продолжението на шампионатот. Форлан беше назначен во декември минатата година, но имаше пауза од скоро 5 месеци без натпревари.
Пењарол оствари само четири победи по назначувањето на легендата, што е крајно разочарувачки за реномето на овој клуб.

