Голманот Матија Перин ќе продолжи да ги брани боите на Џенова, откако тимот на Џенова се договори со Јувентус да го продолжи договорот за позајмица.
27-годишниот голман, кој има и два натпревари за составот на Италија, играше за Џенова во втората половина од сезоната 2019/20.
Тој има договор со Јувентус до летото 2022 година, но никогаш не успеа да се избори за своето место на стадионот „Алијанц“. Јувентус се обиде да го продаде, но трансферот во Бенфика не успеа во последен момент.
Во исто време, Џенова ги цени неговите квалитети и побара продолжување на позајмицата за уште една сезона.

