УЕФА денес ги одреди можниоте натпреварувачки двојки за плеј-оф фазата иако сè уште не се одиграни натпреварите од третото коло од квалификациите за групната фаза на Лигата на шампионите.
Преку ждрепка беа одредени можните парови во последниот филтер пред пласманот во групната фаза на ЛШ. Хрватскиот шампион Динамо Загреб во кој настапува и Аријан Адеми доколку го елиминираат Ференцварош во плеј-офот за противник ќе го има подобриот од дуелот меѓу Молде и Карабах. Шампионот на Србија, Црвена Ѕвезда со евентуална победа над Омонија ќе има тешка задача за нов настап во групната фаза, затоа што пред себе ќе го има грчкиот Олимпијакос.
Еве кој со кого може да се сретне во плеј-офот:

Плеј-оф рундата ќе се игра во два натпревари и тоа на 22 и 23, односно 29 и 30 септември.
