Легендата на фудбалскиот состав Рома, Франческо Тоти, верува дека порано или подоцна ќе се врати омилениот клуб.
Тој целата кариера ја помина кај „волчицата“ а откако ги закачи копачките на клин, краток период помина и во раководната гарнитура. Сега по промената на сопственикот на клубот, Тоти се надева дека повторно ќе започне да работи во римскиот состав.
„Кога ќе се вратам во Рома? Нема конкретен одговор затоа што има премногу нијанси, но, порано или подоцна верувам дека тоа ќе се случи“ – потенцирал така наречениот принц на Рим.

