Холандскиот репрезентативец од екипата на Ливерпул, Џини Вајналдум, наводно ја прифатил понудата на Барселона за преселба на „Камп Ноу“ ова лето. Играчот за врска е една од трансфер целите на новиот тренер на каталонскиот тим, Роналд Куман.
Според информациите во Шпанија, Вајналдум ги прифатил предложените лични услови за договорот за период од три години. Холанѓанецот влегува во последната година од договорот со Ливерпул, а преговорите за нов договор со „црвените“ не отидоа во позитивна насока.
„Диарио Спорт“ тврди дека Барса ќе му плати на Ливерпул меѓу 13 до 18 милиони фунти за потписот на Џини.