Француски ПСЖ, започна преговори за трансфер на Хектор Белерин од екипата на Арсенал. Шпанскиот дефанзивец веќе имал разговори со првите луѓе на парискиот тим, а сега и официјално ПСЖ испратил понуда во вредност од 28 милиони евра во канцелариите на лондонскиот клуб.
Оваа сума може да се зголеми за уште 5,5 милиони евра според понудените бонуси. За Белерин заинтересирани се и Баерн Минхен и Јувентус, но досега никој не излезе со конкретна понуда. „Топчиите“ можат да го продадат Белерин доколку предложената сума биде прифатена.