Младата фудбалска репрезентација на Македонија утре продолжува со квалификациските дуели за ЕП 2021. Во пресрет на тешкиот дуел со Шпанија, младиот напаѓач на Штутгарт, Дарко Чурлинов најавува голема битка.
„Моментално тренираме на тоа да најдеме слаби страни на репрезентацијата на Шпанија. Секако тие се фаворити во групата, но ние се гледаме како фаворити кога играме дома. На првата средба загубивме поради наши грешки, ако се фокусираме, сега можеме да извлечеме добар резултат. Верувам во нас и мислам дека на двете следни средби можеме да добиеме најмалку 4 бода“, вели Чурлинов.
Дуелот со Шпанците го играме на Националната Арена, утре од 18.45 часот.

