Астон Вила е во завршна фаза од преговорите за трансферот на голмано Серхио Ромеро. Составот од Бирмингем постигнал договор со Манчестер Јунајтед за цената на Ромеро.
Евертон беше исто така поврзуван со интерес за аргентинскиот голман, кој не крие дека сака да го напушти „Олд Трафорд“, откако беше тврда резерва на Давид де Хеа.
„Црвените ѓаволи“ во моментов го проценуваат Серхио Ромеро на околу 10 милиони фунти.