Поранешниот напаѓач на Херта, Ведад Ибишевиќ наскоро ќе потпише договор со Шалке 04. Напаѓачот ќе се пресели во новиот клуб како слободен агент за сезоната 2020/21, објави „Билд“.
36-годишниот Босанец веќе бил подложен на лекарски преглед, двете страни треба само да ги средат последните формалности. Во Шалке, напаѓачот ќе го носи дресот со број 11. Ибишевиќ сезоната 2019/20 ја помина во Херта, за која одигра 27 натпревари. Напаѓачот постигна девет гола и четири асистенции.
На крајот на германското првенство неговиот договор истече, а играчот стана слободен агент. Интернет порталот „Трансфермаркт“ ги проценува напаѓачот на 1,2 милиони евра. Во сезоната 2019/2020, Херта освои 41 поен и го зазеде 10-то место на табелата.

