Централниот дефанзивец Стефан де Фрај е повреден и нема да може да настапи на претстојните натпревари со Полска и Италија во Лигата на нации, објави Кралскиот холандски фудбалски сојуз.
Сè уште е непознато колку е сериозна повредата на 28-годишниот дефанзивец, кој минатата сезона беше прогласен за „Најдобар дефанзивец“ во италијанската Серија А.
Дефанзивецот на Интер веќе е испратен во неговиот дом во Милано, а привремениот селектор на Холандија Двајт Лодевегес нема да повика замена на негово место. Де Фрај важеше за сигурен стартер во одбрана на Холандија заедно со Вирџил ван Дајк, но сега покрај дефанзивецот на Ливерпул ќе мора да биде некој друг.
Холандија е домаќин на Полска во првиот натпревар од групата А во петок, а во понеделник е домаќин на Италија.

