Фудбалерите, Диего Коста и Сантијаго Аријас од Атлетико Мадрид се заразени со Ковид-19 и се сместени во домашна изолација без видливи симптоми.
Тимот предводен од тренерот Диего Симеоне на стартот од сезоната ќе се сретне со Севилја. Терминот за тој меч допрва ќе биде одреден бидејќи двата состава добија дополнително денови за одмор поради учеството во европските купови во текот на летово.
Шпанското првенство според програмата ќе започне на 12 септември.

