Капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси се согласил да остане на „Камп Ноу“ и следната сезона. Одлуката доаѓа 10 дена откако му соопшти на клубот дека сака да си замине.
33-годишниот Аргентинец, минатиот вторник испрати факс до Барса, велејќи дека сака да ја искористи клаузула од неговиот договор, за која сметаше дека му дозволува бесплатно да си замине. Тоа предизвика широко распространети шпекулации за тоа каде може да се пресели. На крајот очигледно прифати да одигра уште една сезона, а следната да замине како слободен фудбалер.

