Здружението на професионални фудбалери во Англија (ПФА) го објави списокот на играчи кои конкурираат за титулата, „Најдобар во Премиер лигата за минатата сезона“.
Меѓу шесте играчи има четворица од шампионот Ливерпул, а тоа се Вирџил ван Дајк, кој ја освои наградата минатата сезона, Трент Александар-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане. Во конкуренција се и играчите на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн и Рахим Стерлинг.

