Младиот Брахим Диаз го потврди трансферот од Реал Мадрид во Милан, каде следната сезона ќе го носи дресот со број 21. Станува збор за позајмица, без можност Милан следната сезона да го откупи неговиот договор.
Двата клуба имаат многу добар однос, па постигнаа договор за опциите и контра-опциите за време на сезоната.
Во меѓувреме, креативниот играч за врска може да започне да тренира со тимот на Стефано Пиоли и да биде достапен за прелиминарните рунди во Лигата на Европа.
Играчот само што наполни 21 година и беше купен од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17 милиони евра.