Нашите најдобри фудбалери денеска со мечот против Ерменија од 15.00 часот на Арената во Скопје ќе го отворат второто издание на Лигата на нации.
Воедно, денешната пресметка со Ерменците, ќе биде и прва за македонската репрезентација гледано од октомври во 2019 кога славевме против Израел. Фудбалската Федерација на Македонија в пресрет на стартот на новите возбудувања ги одредила и премиите за репрезентативците.
Доколку го освојат првото место ќе поделат 300.000 евра додека само победа против Ерменија ќе им донесе вкупна премија од 30.000 евра. Во нашата група покрај Ерменија настапуваат Грузија и Естонија.

