Главниот дефанзивец на фудбалскиот состав Наполи, Калиду Кулибали, преку неговиот агент задолжен за трансфери ќе се обиде да издејствува ангажман во редовите на Манчестер Сити, објавија дел од медиумите.
Бидејќи италијанскиот тим и „граѓаните“ имаат нерасчистени сметки од минатото за трансферот на Жоржињо, сега се претпоставува дека евентуалниот најавен трансфер ќе се случи со помош на посредници.
Наполи бара повеќе од 70 милиони евра за да му дозволи на црномурестиот играч да замине во Англија.

