Играчот од средниот ред на Аталанта, Јосип Иличиќ, ќе се приклучи на тимот следната недела откако ја надмина депресијата во која беше, пренесува „Газета дело Спорт“.
Тој може да пристигне во Бергамо во текот на утрешниот ден. На почетокот на август, стана познато дека Јосип Иличиќ страдаше од проблеми со менталното здравје. Играчот станал депресивен, според некои наводи поради неверството на неговата сопруга, според други информации тој бил под силно влијание на ситуацијата со коронавирусот и бројот на смртни случаи во Италија.
Во сезоната 2019/20, Иличиќ постигна 21 гол и 9 асистенции на 34 официјални натпревари за Аталанта во сите натпреварувања.

