Нашата фудбалска репрезентација зад себе го остава дуелот со Ерменија и победата од 2:1 и сега се подготвува за гостувањето кај Грузија, селекција која исто така славеше синоќа на гостувањето кај Естонија со 1:0.
Селекторот Игор Ангеловски и нашите репрезентативци претпладнево одржаа тренинг и веќе размислуваат за следниот противник кој сигурно дека ќе биде уште поголем предизвик за Македонија.
Натпреварот се игра на 8-ми септември (вторник) од 18 часот.


