Македонските фудбалски репрезентативци Иван Тричковски и Кире Ристевски поради повреда нема да бидат во комбинација за настап на натпреварот во Тбилиси против Грузија.
Напаѓачот во македонската репрезентација, Иван Тричковски кој го пропушти и мечот со Ерменија има поголем хематом на левата надколеница (m. Vastus lateralis), додека дефанзивецот Кире Ристевски има истегнување и хематом на адукторот на десниот бут поради што нема да биде во можност за настап на натпреварот и нема да патува со екипата за Грузија.

Натпреварот меѓу Грузија и Македонија од 2. коло во групата 2 од Лигата Ц од Лига на нации се игра на 8. септември во Тбилиси со почеток во 18 часот.

