Фудбалскиот состав на Манчестер Јунајтед сака да привлече уште тројца нови играчи. Клубот не се откажа од Џејдон Санчо, кој останува приоритет.
Според „Manchester Evening News“, тренерот, Солскјаер бара играчи за позициите: лев бек, централен дефанзивец и централен напаѓач. Една од трансфер целите на „црвените ѓаволи“ е Дејвид Брукс од Бурнмут. Неговиот отпаднаа од Чемпионшип и сега е подготвен да ја намали цената.
Далгас Коста од Јувентус е исто така опција. Може да се изнајми за една сезона. Јунајтед планира да испрати понуда и до Витали Миколенко од Динамо (Киев) кој дебитираше за селекцијата на Украина.

