Мемфис Депај, кој е поврзуван со Барселона, потврди дека ќе разговара со челниците на Олимпик Лион. Напаѓачот е една од приоритетните цели на новиот тренер на тимот од „Камп Ноу“ Роналд Куман, кој до неодамна беше селектор на репрезентацијата на Холандија.
„Знам дека има интерес од Барса, но не знам ништо повеќе“, прокоментира Депај по синоќешниот пораз на неговата селекција од Италија во Лигата на нации. „Утре треба да се појавам во клубот (се мисли за денес) и ќе видиме што ќе се случи. Ќе зборуваме” рече Депај.
Депај е во последната година од договорот. Информациите за проценетата цена се различни. Според најновите, Олимпик Лион ќе бара околу 30 милиони евра.

