Премиер-лигашот, Лидс Јунајтед, е заинтересиран за потписот на германскиот фудбалер, Џулијан Дрекслер, кој ја нема посакуваната минутажа во францускиот ПСЖ и може да си замине од „Паркот на принцовите“.
Корпулентниот фудбалер кој може да одлично да дејствува како на средината на теренот така и во нападот, беше купен од страна на ПСЖ во 2016 година од германскиот Волфсбург за 36 милиони евра.
Медиумите во Англија објавија дека новиот член на елитната фудбалска конкуренција на Островот планира да понуди 20 милиони за ангажман на Дрекслер.

