Весникот – „Билд“, објави дека Давид Алаба може многу лесно да ги напушти редовите на баварскиот фудбалски гигант до крајот на преодниот рок.
Последниот состанок меѓу управата на Баерн и репрезентативецот на Австрија беше реализиран во Лисабон откако заврши Лигата на шампионите. Од тој момент нема ништо конкретно што наведува дека Австриецот ќе остане во клубот.
Алаба одреди цена од 20 милиони евра по сезона додека Баерн му нуди плата од 11 милиони евра, плус дополнителни шест милиони преку бонуси. Договорот на Алаба истекува на крајот на сезоната.