Филип Гачевски иако се очекуваше да ја продолжи кариерата во клуб од Турција, сепак одлучи да ја прифати понудата од Енозис од Кипар.
Поранешниот голман на Вардар денеска се очекува да се појави на тренингот на Кипраните. Неговиот нов клуб го потврди ангажманот на нашиот фудбалер и по пат на социјалните мрежи.
Голманот кој пет години го носеше „црвено-црниот“ дрес, сега ќе му се приклучи на поранешниот вардарец, Хуан Фелипе и на Џонатан Балотели. Гачевски претходно настапуваше и за Брегалница , Мура и Капфенберг (Луштенау).

