Францускиот Олимпик Лион најверојатно ќе мора да се одлучи да го продаде својот најдобар играч во нападот Мемфис Депај, а тоа ќе мора да го направи уште ова лето, со цел да заработи од неговиот трансфер.
Веќе подолго време се шпекулира дека Мемфис Депај е голема желба на новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, со кого соработуваа во репрезентацијата на Холандија, а според последните информации преговорите за неговата преселба на „Камп Ноу“ се во завршна фаза.
Наводно, Холангаѓецот ги договорил личните услови со каталонскиот тим, па сега преостанува уште двата клуба да пронајдат заеднички јазик околу висината на обештетувањето. Последните информации се дека Олимпик Лион е подготвен да прифати понуда од 30 милиони евра за Депај, но Барселона во овој момент нуди пет милиони помалку.