Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ОФИЦИЈАЛНО: Сандро Тонали е нов играч на Милан
    Фудбал

    ОФИЦИЈАЛНО: Сандро Тонали е нов играч на Милан

    risteBy riste09/09/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Милано официјално објави дека потпишаа договор со Сандро Тонали од Бреша. Договорот е во форма на едногодишна позајмица со можност за откупување на истиот.

    Се проценува дека клубот платил 10 милиони евра за трансферот и се обрзал за уште 15 милиони евра за купување на играчот, како и дополнителни 10 милиони евра како бонуси. Предвидено е 10% за неговиот сегашен клуб Бреша од следниот трансфер.

    Договорот на младиот играч за врска ќе биде на пет сезони со годишна плата од 2 милиони евра. Тој е споредуван со италијанската легенда Андреа Пирло, иако негов идол е уште еден славен играч за врска – Џенаро Гатузо. Затоа тој ќе го носи дресот со број 8, кој му припаѓаше на сегашниот тренер на Наполи.

    Тонали долго време се сметаше за сигурно засилување на градскиот ривал Интер, но „оваа екипа се насочи кон други играчи. Тоа му овозможи на Милан да се вклучи во борбата за 20-годишниот фудбалер и брзо да преговара со него и неговиот клуб.

    Така, младиот талент го исполнува детскиот сон да го носи дресот на неговиот омилен клуб. Ова го постигна по 89 натпревари со 6 голови и 16 асистенции за својот досегашен клуб Бреша, и покрај неговата возраст. Дефанзивниот играч за врска брзо доби место во репрезентацијата на Италија, каде веќе има 3 натпревари.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.